Ја информираме јавноста, дека, откако извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и сл. а притоа информирајќи ги субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барајќи одреден надомест, зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид, информираат од Централен регистар.

Ги советуваме граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид, за сѐ што ќе бидат информирани од надворешни субјекти / понудувачи да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба.

За дополнителни информации, контактирајте на [email protected]



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.