Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни управници кои имаат лиценци ќе преполагаат, но не и оние што имаат над 64 години. Тие, како што нагласи, немаат право да полагаат.

Само во Македонија се случува во последните години, за жал, со секоја почит, стечајни управници со над 70 години да водат милионски предмети и да ги одложат, а ние не сме веќе деведесеттите години кога се направени приватизациите, туку сме во 21 век и согласно одредбите, очекувањата од 21 век, така ќе постапиме, рече Бектеши одговорајќи на новинарски прашања по денешната 6. седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Македонија и Република Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.