После потпишувањето на Договорт за заем со Европската банка за обнова и развој со кој се обезбедија 55 милиони евра за развивање на регионалниот систем за управување со отпад, Европската комисија, во рамки на Инвестиционата рамка за Западен Балкан одобри дополнителни 22,5 милиони евра како инвестициска донација, соошти министерот за животна средина Насер Нуредини.

Ако се додадат и 9-те милиони евра што како донација се обезбедени од Швајцарската влада, вкупната висина на обезбедените средства за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион изнесува над 87 милиони евра. Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион се финансира преку ИПА програмите и наскоро се очекува започнување на тендерската постапка, додека за Скопскиот плански регион, исто така се обезбедени грант средства преку европските ИПА фондови и проектот допрва треба почне, се вели во соопштението од министерството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.