Кога ние зборуваме за приходи, ќе имаме толку раст на приходи, толку милиони евра нови приходи, јас мислам дека тоа е сулудо, дека ваков Буџет ние не можеме да правиме баш дека е кризна годината. Ако го видиме ние пописот на населението, ако видиме како наши пријатели и роднини се иселуваат од државата, ние знаеме дека имаме пад на јавната потрошувачка. Бидејќи секој еден поединец или секое едно семејство кое што се иселило од Република Македонија и отишло да живее во странство, тоа веќе не плаќа данок, не троши струја, не купува во маркети, не се шиша кај бербер, не оди во кафулиња и во ресторани. И ако цело време ни се иселуваат луѓето, немаме нови странски инвестиции кои што ќе имаат додадена вредност и ќе плаќаат нови даноци, сулудо да ние да очекуваме зголемени и тоа многу зголемени приходи“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ при гостување во емисијата „24 Отворено“.

Пренџов додаде тоа сето се шминка во предлог буџетот се со цел да се земаат нови кредити и повеќе државата да се задолжува. Власта секоја година има една проекција за приходи и многу капитални иневстиции и потоа кога ќе дојде јуни/јули или пак август тогаш истата власт има друга проекција и сето тоа првото што им било предвидено се намалува и забавува.

Според НБРМ второто сценарио е раст од 1.8% и НБРМ е државна институција. Значи второто лошо сценарио е раст од 1.8%. Државата се наоѓа во катастрофална економска состојба“, нагласи тој.

Пратеникот во текот на емисијата исто така посочи дека заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска кажа дека од први јануари ќе има целосно нов даночен систем. И тоа подразбира дека ќе има промена на многу законски решенија.

Утре е први декември, 30 дена пред да отпочне месецот јануари, а во Собранието нема стигнато ништо. Ниту има предлог на закон, ниту како ќе изгледа, ниту пак ние пратениците знаеме каков ќе биде даночниот систем од први јануари, ниту фирмите како ќе работат после први јануари, ниту пак граѓаните знаат што ќе се случува на први јануари. И тоа мене ми покажува една многу голема несериозност, некомпетентност и неспособност на луѓево кои што ни ја овдат државата. И сметам како втор заклучок дека треба да побараме како пратеници тоа да се одложи за после први јануари бидејќи на општеството му треба сериозна дебата кога имаме структурно,вертикално и робусно менување на даночна политика“, укажа Пренџов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.