Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ најави избивање на уште една афера, тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со повратот на ДДВ за компаниите.
Потенцијална афера, како е можно преку фиктивни фактури да се правеле цесии со УЈП на фирми кои што се должници и фиктивни фирми кои што се побарувачи на поврат на ДДВ, преку 20-30 милиони евра тежок скандал, но времето ќе покаже дали сум бил во право, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата тврди дека партијата им стои на располагање, како на Антикорупциската комисија, така и на обвинителството, и ќе ги сподели со нив сите податоци кои ги имаат за овој и останатите скандали кои ги откри во емисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.