Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Утрински брифинг“ најави дека Владата подготвува нов пакет на економски мерки за, како што кажа, прехранбените производи, енергијата и животниот стандард.

Значи сите ние имаме одговорност државата да се движи напред и да напредува во евроинтеграциите. Од таа причина и Владата подготвува сет на мерки за цените на храната, цените на енергенсите и на цената на електрична енергија и за одржување на ликвидноста – рече Ковачевски.

Во однос на растот на пензиите, премиерот рече дека на новата методологија ќе се работи до јуни.

Во однос на пензиите ги привршуваме анализите на новата методологија за покачување на годишно ниво и финансиска помош кон пензионерите за кризи од големи размени. Зборуваме до јуни, за методологија која ќе биде усогласена со пензионерите – наведе Ковачевски.

Наедно ја повика опозицијата да не шпекулира со залихите за храна и гориово, при што граѓаните панично ги празнат рафтовите и создаваат метеж на бензинските станици.

Ме зачудува тоа што дел од пратениците од опозицијата од Собранието, кои неколку мандати биле пратеници и никогаш во живот не работеле приватно, тие се првите кои шират шпекулации и невистини за можни недостатоци на храна и гориво – рече Ковачевски.

Тој додаде дека од неговото патување во Лондон добил потврда од Европската банка за обнова и развој дека ќе и помогне на земјата во транзиција за енергетскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.