Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав осигурување АДСкопје. Новиот четиригодишен мандат почнува на 29 септември годинава.

Оваа одлука е донесена на 61 седница на Собранието на акционери на Триглав осигурување АД, одржана денес, а е објавена преку Македонската берза.

Останатите членови на Одборот на директори продолжуваат со работата со постојниот мандат, наведено е во одлуката.

Војновиќ како главен извршен директор подолго време успешно менаџира со Триглав осигурување Скопје. Оваа осигурителна компанија е лидер во исплатата на штети на пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што укажува и на нејзината финансиска стабилност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.