Фирмите Сара инженеринг, Сара јавор и Дравас, сите со седиште во Струмица во кои во одредени периоди косопственик бил Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, со години се на листата на должници која УЈП ја објавува за неплатен ДДВ, данок на добивка и персонален данок. Вкупно трите фирми, според последните листи на должници на УЈП објавени во февруари и март, должат нешто повеќе од еден милион евра. Во одговорите на прашањата на МКД.мк УЈП вели дека согласно законските надлежности презема мерки и дејства за даночни обврзници кои се должници по кој било основ.

За Сара инженеринг интересни се и податоците кои ги објавува и здружението на обесправени штедачи на Еуростандард банката Правда за штедачи. Тие потсетуваат дека на 29 октомври 2021 година Вице Заев излегол од сопствеништвото на фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица. Фирмата има сомнителен и спорен долг во Еуростандард банка од околу 600 илјади евра и нема платено ниту една рата 620 дена пред затворање на банката, август 2020 година. На местото на Вице Заев како косопственик на Сара инженеринг влегол Зоран Марковски, додека другите двајца крајни косопственици, Сашко Брндевски и Ристо Кречев, останале во фирмата.


Целиот текст на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.