ЕВН бара пролонгирање на рокот за плаќање на декемвриската и јануарската фактура кон ЕСМ за набавена струја за снабдување на домаќинствата. Викендов од ЕВН доставиле официјално барање до ЕСМ за одложено плаќање во траење од шест месеци за двете фактури кои според информациите на Телма тежат 32 милиони евра. Од ЕСМ пак, барањето е препратено до Владата, која ќе треба да пресече и доколку го прифати барањето да издвои нови сретства од Буџетот за да ја пополни дупката која ќе се отвори во ЕСМ.

Од ЕВН информираат дека во моментов се на граница на ликвидност и поради тоа побарале одложено плаќање и државна интервенција бидејќи трошоците се далеку поголеми од приходите. Според информациите на Телма дупката во финасиите се јавила поради повисоката цена која се плаќа кон ЕСМ како и набавката на струја од слободниот пазар за да се покријат кражбите и загубите во мрежата а веќе се искористени и сите можности за кредитирање од домашните банки што е нотирано и во барањето до Влада.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.