Трговците кои продаваат овошје и зеленчук треба да прибавуваат и да продаваат 70 проценти од количините што ги продале во јануари и февруари. Ова е Одлуката што ја донесе Владата на денешната попладневна седница по предлог на Министерството за економија.

Како што соопшти Министерството за економија, оваа Одлука која следи по Одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Владината одлука е донесена по координативниот состанок на премиерот Димитар Ковачевски со колегите министри од ресорните министерства и претставници на надлежни институции во врска со предметното прашање, изјави министерот Крешник Бектеши.

Тој на прес-конференција јавно ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на координативната средба и повтори дека законите мора да се почитуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.