Во СВР Велес утрово во 07.00 часот било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес, Е.Ф. од велешкото село Бузалково, управувајќи патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, појасни Самарџиев.

Како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на ЈЗУ Општа Болница утрово во 7 часот кај нив бил итно донесен пациент на кој му е направено рентген снимање и компјутерска томографија на глава. Констатирано дека нема скршеници,туку само нагмеченици по телото.

За секој случај оставен е на 24 часовна опсервација во болницата, појасни д- р Левкова Ќулумова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.