Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.

Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.

Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23 часот и 40 минути бил пријавен пожар во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.

При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.