Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Г.Ц.(31) и А.Н.(19), двајцата од Скопје.

При претрес во домот каде што престојувал Г.Ц., извршен со судска наредба, а во кој била затекната и А.Н., пронајдени се и одземени над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол, соопштија од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, на лицата ќе им биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.