МВР информираше дека денеска во околу 11:40 часот во водите на р.Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на 62-годишниот И.Л. од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

По добиената пријава, по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи. Лекар констатирал смрт, извршен е увид од страна на полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.