Тинејџер доби кривична пријава бидејќи препраќал експлицитни фотографии од девојка му, а со тоа ја уценувал малолетничката.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од с. Љубин, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на малолетник” по член 193 и кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по член 193-А од Кривичниот законик.

Во текот на јануари 2023 година, пријавениот уценил малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина за да не каже на нејзините родители за нивната љубовна врска.

Откако му ги пратила сликите, тој ги препратил на нејзините најблиски и на соучениците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.