Автомобил ноќеска излетал од патот Крива Паланка-Ранковце-Куманово по што се забил во банкината. Има повеќе настрадани во оваа тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце.

Во несреќата има еден загинат и тројца повредени патници од автомобилот. Полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато.

Автомобилот се уште се наоѓа заглавен во банкината.

Од МВР соопштија дека загинатиот возач на аудито имал 21 година.

На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.