Човек во инвалидска количка ја спасил својата девојка така што го направил последниот „скок“ во својот живот за да ја покрие со своето тело за време на терористилкиот напад во Москва. Тој починал гледајќи ја својата љубена во очи.

Максим Вербенин имал 25 години. На концертот на бендот „Пикник“ ја поканил својата девојка Наташа. Макс, непосредно пред концертот и испратил на мајка си слика од него и неговата девојка заедно, а таа била многу среќна за нив. Тие не знаеле дека ќе се случи трагедија.

Кога почнало пукањето, момчето во инвалидска количка не можело брзо да се симне. Истрели и врисоци дошле одзади, а тој сфатил дека терористите се веќе блиску.

Максим со неверојатен напор се турнал нагоре од количката и со своето тело ја покрил Наташа. Терористите притрчале до Макс и испукале неколку истрели во неговиот грб. Максим починал гледајќи во очите на девојката, којашто ја криел со своето тело.

Неговата храбра жртва ја спаси Наташа. Таа преживеала и во моментов ја добива сета потребна нега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.