Македонското Министерство за надворешни работи преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија.

Како што информираат од МНР, на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот, соопшти МНР.

Италијанските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила во тунел, а во неа учествувал и камион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.