Едно лице се здоби со тешки телесни повреди по судир меѓу тротинет и автомобил во Скопје.

– На 09.08.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„808“, ул.„15 корпус“ и бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(57) од Скопје и електричен тротинет управуван од В.Т.(28) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.