Двајца странци биле приведени во текот на вчерашниот ден поради фалсификувани документи, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, во 10:20 часот на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М., на возраст од 53 години, од Република Србија.

– При пасошка контрола и проверка, тој на увид приложил бугарски возачка дозвола и лична карта, за кои по извршени проверки, констатирано било дека се фалсификувани. Лицето било предадено во кумановската полициска станица и во координација со јавен обвинител, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово против него поднесе кривична пријава по член 378 од кривичниот законик – „фалсификување исправа“, појаснуваат од МВР.

Претходно, во 10:10 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле О.А., на возраст од 39 години, од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека шпанската шенген виза и британската виза во неговата патна исправа, биле фалсификувани.

Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.