Пожарникарите од Берово, синоќа во период од 22:55 до 00:30 часот со две возила и четири пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот. Во пожарот, едно лице се здобило со повреди – изгореници и истото е пренесено во Здравен дом Берово, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Истовремено, апелираме за внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови, со снег и мраз, е лизгаво, особено на осоите, се додава во соопштението.

За 24 часа имало вкупно 1 763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22 отсто, а 59,78 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 отсто, кон Итната медицинска помош 32,01 процент, кон пожарникарите 2,52 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.