Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

Еден полициски хеликоптер полета за гаснење на пожарот и набргу ќе почне да дејствува, информира ЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.