Паркиран камион во кој имало 19-годишен возач, одеднаш се придвижил и удрил во бетонски ѕид.

На 25.10.2022 во 13.40 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Мито Хаџи Василев Јасмин“, товарно моторно возило „Ивеко“ со велешки регистарски ознаки, кое било паркирано од Ж.З.(19) од Неготино, се придвижило и удрило во бетонски ѕид, при што со повреди се здобил возачот, кој бил надвор од возилото во тој момент, информираат од МВР.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.