Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит и валидна дозвола, велат од СВР Тетово.

Триесетина од нив биле малолетници кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит, велат од тетовската полиција.

Според нивните статистики, во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не седнуваат зад управувачот беа возачки дозволи, не само кога станува збор за патнички или товарни возила, туку и мотоцикли кои во наредниот период ќе бидат се побројни на тетовските и гостиварските улици. Зашто, ќе се засилат планираните контроли и ќе се санкционираат сите оние кои без положен испит учествуваат во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.