Вчера во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу с.Чардаклија и с.Долни Балван, на излез на с.Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С.(26) од Кочани, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.