Како што беше објавено и во текот на денот, безживотно тело било пронајдено синоќа во водите на Преспанското Езеро.

„На 11.11.2022 во 21.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во водите на Преспанското езеро било пронајдено телото на Р.А.(39) од с. Могила, Битолско, по што од Противпожарната единица Ресен било извлечено од водата и по наредба на Јавен обвинител било пренесено во Клиничка болница-Битола за обдукција“, се вели во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.