Синоќа во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(23) од Куманово и мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Н.К.(29) од Охрид, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентниот центар во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.