СВР Битола – ОВР Прилеп до Основното јавно oбвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што информира МВР, пријавениот во својство на управител на правен субјект од Прилеп, ги повредил одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на правното лице, со тоа што до 1 септември годнава година имал склучено договор за работа во Хрватска, а истовремено не го имал прекинато работниот однос во јавно претпријатие од областа на комунална дејност од Прилеп, со што се стекнал со противправна имотна корист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.