Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи.

Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР.

Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат.

За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.