Укинат е притворот на Стефан Димковски, возачот осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо, пренесува „Фокус“.

Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје. Нему му се определени мерки за претпазливост, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.