Повредена е кавадарчанка при вршење на работни задачи во фабрика во кавадаречко, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 07:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општата болница Кавадарци со повреда е донесена С.С.Д. (43) од Кавадарци, која околу 05:30 часот, додека била на работа во фабрика во кавадаречко, се повредила при вршење на работни задачи. Увид извршила екипа од Полициска станица Кавадарци, посочуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.