Лично му ги дадов еден милион евра на Бојан Јовановски по претходна направена спецификација. Предавањето беше во мојот салон, додека бев во домашен притвор, објасни денеска тужителот Орце Камчев.

Парите ги донесе Мирјана Бошкова во ‘адидас’ спортска торба, Боки ги виде и ги преброи. Потоа парите беа ставени во торбата ‘Луј Витон’ и предадени на Бојан. Во куќата беше и Зоран Милевски. Парите беа покриени со весници, а Боки коментираше зошто биле од по 50 евра а не поголеми, рече Камчев.

На ова Бојан Јовановки реагираше за тоа тужителот да не го менува исказот дали ги преброил парите.

Камчев беше прашен и кој ја изнсол торбата од куќата.

Торбата од мене ја зема Бојан и му ја даде на Милевски кој ја изнезе од куќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.