Боки 13 на денешното рочиште го праша Камчев дали се познава со Заев, на што тој потврди дека се знаат.

Сум имал средба со Заев за рекетот што го вршеше Бојан Јовановски. Му се пожалив дека сум принуден да се рекламирам во 1ТВ. За „Империја“ не сме разговарале бидејќи Заев не е обвинител, потврди Камчев.

Беше прашан и кој бил присутен на средбата меѓу Камчев и Заев, а тој одговори дека немало друго лице пристутно.

Прво бев кај Заев, па кај Русковска, објасни Камчев.

Јовановски го праша и кој друг доаѓал кај нег, односно политичари на кои исто така можел да го пријави случајот.

Јас немав забрана за посета на други лица, но ниту еден политичар не го посети мојот дом туку фамијата, блиски пријатели и Бојан Јовановски, објасни Камчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.