Бизнименсот Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“, беше речено на денешното рочиште во Граѓанскиот суд во процес со кој Камчев бара отштета од 1 ипол милион евра од Бојан Јовановски-Боки 13, од Катица Јанева, како и од Обвинителството за организиран криминал, СЈО и Републичкото обвинителство. 

Адвокатот на Камчев, Александар Михајловски, зборуваше како настанал целиот случај, а потоа и Камчев даде исказ пред судот. 

За цело време додека Камчев даваше исказ, обвинитетите Јовановски и Јанева дофрлаа и коментираа. Тие дури беа и опоменати до адвокатот на Камчев.

Во еден момент поранешната специјална обвинителка Катица Јанева му дофрли на Камчев дека халуцинира.

Халуцинира човекот. Поарно да чита, бидејќи вака многу халуцинира, дофрли Јанева.

Камчев ги тргна документите кои беа пред него и продолжи да зборува без да чита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.