Шест лица се повредени, од кои двајца потешко во несреќи во кои учествувале мотоциклисти во текот на вчерашниот ден.

Прво во 16.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с.Маврово-Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.А.(43) од Тетово и патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(55) од с.Голема Речица, Тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар.

Во 22.25 часот, пак, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Горна Бањица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.М.(20) од с.Горна Бањица, Гостиварско и патничко возило „шкода фабиа“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(21) од с.Долна Бањица, Гостиварско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар.

И на двете несреќи извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.