Вчера на 01.05.2023 во 16:45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с.Маврово-Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.А.(43) од Тетово и патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(55) од с.Голема Речица, тетовско.

Во несреќата со тешки повреди се здобил моторциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се здобиле со полесни повреди констатирани во Општата болница во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.