Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле. 

Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу дехидрирани и снеможени. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед.

По добивањето на информацијата околу 15:00 часот, преку телефонскиот број 112 од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје.

Изгубените велосипедисти живи и здрави, се пронајдени околу 16:00 часот.

Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.