Тешко e повреден малолетен велосипедист од Скопје.

На 25.08.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје, стои во денешниот билтен од МВР.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.