Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Бутелски венец“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(57) од с.Дејковец, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.