Маж на возраст од 40 години од село Тимјаник, Неготино, бил пронајден починат во семејната куќа.

Од СВР Велес информираат дека случајот бил пријавен во Полициска станица Неготино, на 17 април, во 17 часот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.