Адвокатот на Никола Груевски на денешните завршни зборови истакна дека рушењето на објектот “Космос” е направено законски и оти тоа е одлука на општината Гази Баба а во тоа поранешниот премиер нема никаква улога.

Тој во периодот на рушење е претседател на Владата. Општината во никој случај не е потчинета на Владада ниту пак е должна да ја слуша-вели Мехмет Сефери.

Тој објаанува дека одлуката за рушење ја донела општината врз основа на неправилности во градбата. Како доказ за тоа, Сефери посочува самиот инвеститор барал измена на градсжната дозвола.

Во врска со разговорите меѓу Груевски и Јанакиески во кои тие говорат за рушење на објектот вели дека тие се селективни, а згора на тоа незаконски прибавени.

Не е важно кој со кого разговара туку дали општината постапила законски – додава Сефери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.