Романците се 11 пати посиромашни од европскиот просек. Ова го соопшти Дан Поповиќ, генерален директор на OTP Asset Management Romania – дел од најголемата финансиска групација во Источна Европа, која нуди инвестициски услуги во различни земји во регионот. Тој се повикува на податоци од Европската асоцијација за финансиски менаџмент (ЕФМА), цитирани од Диги24 и ТВ Антена3.

Во своите материјали на оваа тема, романските медиуми забележуваат дека „богатството“ по глава на жител во Романија едвај се доближува до вредноста на половен автомобил и додаваат дека дури и на Бугарите им е подобро во овој поглед, пишува „24часа.бг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.