Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ги претстави новите производи чии цени ќе бидат намалени.

Тој информираше дека по првата ваква презентација, а подоцна и неговиот појадок со министрите Синиша Мали и Тома Момировиќ, во еден трговски синџир е зголемена продажбата на саламата паризер за 1.086 отсто.

За три дена се продадени 2.259 килограми од овој паризер, соопшти Вучиќ.

Тој нагласи дека многумина се потсмевале на овие акции, со кои се намалуваат одредени производи, и дека никој нема да јаде тоа таква салама, но се испоставило дека грешат бидејќи продажбата скокнала за 1.086 отсто за само три дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.