32-годишна туристка од Србија починала во хотел на Крит, јавуваат грчките медиуми.

Според нивните информации, девојката, која летувала заедно со другарки, во саботата вечерим кажала дека се чувствува лошо и дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба и да се одмори, наместо да излезе со нив. Нејзините пријатели излегле на пијачка, а кога се вратиле во хотелската соба околу 22 часот ја нашле девојката мртва!

Веднаш била повикана брза помош, но за несреќната девојка веќе било доцна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.