Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на таканареченото Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина, коментира вицепремиерот на Србија, Александар Вулин по собирот на албанската имиграција сред Атина, на кој албанскиот премиер беше пречекан од илјадници Албанци.

Според него, она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина.

Признавањето на таканареченото Косово од грчките власти, а исто така и приемот на Приштина во Советот на Европа би бил немерлив придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на голема Албанија. Само Србите и српскиот свет можат да ја запрат голема Албанија, но и Грците, драги наши Грци, мислете на тоа, рече Вулин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.