Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен во близина на меѓународниот аеродром во Тирана.

Стефан Моргенштерн, обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи. Тој е обвинет дека заедно со други лица преку пирамидални шеми проневерил 28 милиони евра, стои во полициското соопштение.

Според полицијата во периодот од 27 март 2016 до 7 ноември 2020 година биле измамени 2.156 лица, со вкупна парична загуба од 40.703.930.904 КРВ (јужнокорејска валута) или околу 28 милиони евра.

Не е познато кога тој пристигнал во Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.