ЦЕСИД/ИПСО ги објави првите неофицијални резултати на вондредните избори во Србија. Врз основа на 65,1 отсто од обработените примероци ЦеСИД/ИПСОС, листата на Александар Вучиќ – Србија не смее да запре освои 46,6 отсто од гласовите или 129 мандати.

На второ место е „Србија против насилство“ со 23 отсто или 63 мандати.

Третата позиција ја зазема коалицијата на СПС со 6,9 отсто или 19 мандати.

Коалицијата НАДА освои 4,9 отсто или 13 мандати.

Според овие проекции, листата на д-р Бранимир Несторовиќ „ Ние гласот на народот“ го поминува цензусот со 4,8 отсто од гласовите, односно 13 мандати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.