Детонации од топовски истрели се слушнаа денеска во Косовска Митровица. Сирени се слушнале откако рано денеска службеници на Централната изборна комисија, придружувани од косовската полиција, упаднале во зградата на општина Зубин Поток.

Членови на општинската изборна комисија претходно во Северна Митровица, заедно со косовските специјалци, упаднале во просториите што ги користела Централната изборна комисија на Косово за време на претходните избори, пренесува Нова.рс.

Медиумите јавуваат дека сирени се слушнале и во Лепосавиќ.  Изборите треба да се одржат на 18 декември по излегувањето на Србите од косовските институции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.