Грчкиот портал „Одбрана“ (militaire.gr) по средбата меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека малкумина знаат кон каква национална катастрофа се движи земјата.

Во авторскиот текст „Косовизација на Грција и отоманскиот чај во Анкара“ на Панајотис Павлос, се посочува дека Албин Курти е поддржан од известувачот на Советот на Европа, Гркинка и сестра на грчкиот премиер, Дора Бакојани.

Авторот наведува дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Атина е без преседан во историјата на билатералните односи меѓу балканските земји, како и дека автобусите полни со Косовци и Албанци од Албанија биле организирани од Канцеларијата за врски во Приштина во Атина.

Грчката влада изминативе денови неколку пати повтори дека посетата на Рама на Атина е приватна и нема официјален карактер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.