САД денеска воведоа санкции за Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и фирмите во нивна сопственост.
Игор и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и ја овозможуваат неговата корупција. Тие земаа јавни средства на Република Српска и граѓаните за сопствено збогатување, објави американската амбасада во Сараево.
Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“.
Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, сопругата на Игор Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица Додик, фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и фирмата „Глобал Либерти“, кои се поврзани со Игор и Горица Додик.
Министерството за финансии на САД денеска објави дека се воведени санкции за „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и за други поединци и ентитети поврзани со него, пренесе Бета.
Милорад Додик претходно беше на американската „црна листа“ поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.
Додик е под санкции и на Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.